Интервју со директорот на ГИЗ за Северна Македонија, Давид Оберхубер
За неразвиените или помалку развиените земји, финансиската поддршка од меѓународната заедница е исклучително важна. По големите промени кои се случија во САД, а ги погодија граѓанскиот сектор, дел од медиумите, како и државните институции, се наметнува прашањето дали и други држави ќе го следат истиот пример. Конкретно, денеска разговараме за тоа дали Германија ќе ја задржи досегашната политика да им помага на неразвиените. За ова разговараме со директорот на Германската организација за меѓународна соработка ГИЗ, Давид Оберхубер.
Разговор со новинарката Димитрова за состојбите во Бугарија и македонското
прашање.
Бугарија се наоѓа пред седмите парламентарни избори и веќе три години е во политичка криза поради неможноста да избере стабилна Влада. Во предизборието, Македонија уште повеќе е дел од реториката на политичките претенденти и се чини како тоа да е единствената точка по која тие се согласуваат.
Гостинка во ова издание на Лавиринт е новинарката Тоња Димитрова од Националниот сервис со која разговаравме не само за изборите, туку и за одлуките на Европскиот суд за човекови права кои Бугарија не сака да ги спроведе, Уставните измени кои ги бараат од нас, како и за проблемите кои Захариева ги има во политичката кариера кон европските институции.
Анализа на македонската дипломатија, Вклучување од Грузија и Украина за состојбите
со протестите и војната.
Прв гостин во ова издание на Лавиринт е поранешниот Амбасдор на Македонија во Шведска и Романија, Тихомир Илиевски. Разговаравме за заклетвата која ја положи новата Претседателка и за реакциите кои ги предизвика кај нашите соседи. И покрај реакциите и потешкотиите во билатералните односи, дипломатот сепак е оптимист за евроинтеграцијата на Македонија, како и за нормализација на односите на целиот Балкан.
Во Грузија се случуваат масовни граѓански протести за законот за „странски агенти“ кој ја одалечува државата од европскиот пат, но и сериозно ја загрозува егзистенцијата и слободата на грузиските граѓани. Од Тбилиси, ни се вклучи Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија, која подетално ни објасни што претставува овој закон и зошто толкав број луѓе излегоа на улица. Разговаравме за употребата на прекумерна сила од страна на полицијата при апсењето мирни демонстранти и за правната борба да се заштитат приведените.
Во Лавиринт го вклучивме и доброволецот во Украинските одбранбени територијални сили, Володимир Сапехин. Володимир повеќе од две години оди до фронтовите и назад. Разговаравме за моменталната состојба на фронтовите, за напредокот на руските сили во харковскиот регион, но и за неговите личните чувства за двете реалности кои ги живее..