Анализа на новиот владин состав со Сашо Орданоски
Со 77 гласа ЗА и 22 ПРОТИВ синоќа беше изгласана новата македонска Влада на чело со Премиерот Христијан Мицкоски. Тој заклетвата ја даде со уставното име. Пратениците на ДУИ и коалицијата ја напуштија салата пред гласањето. Рано утринава, Премиерот и новите министри ги преземаа функциите од своите претходници.
Со колегата Сашо Орданоски го коментираме изборот на Влада и разговараме за очекувањата од новиот владин состав. Гледајте го дополнителното издание на Лавиринт по конституирањето на новата Влада.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Курти пред две сценарија – Коалиција со опозицијата или со малцинствата
Лавиринт во Косово
Партијата на Албин Курти, Самоопределување доби најмногу гласови на косовските редовни парламентарни избори. Ова се први редовни избори од осамостојувањео на Косово во 2008. Актуелниот премиер ќе мора да направи коалиција ако сака да ја заджи премиерската фотелја. Аналитичарите со кои разговаравме велат дека Курти има две опции, или коалиција со опозицијата или со малцинствата. Преговорите допрва почнуваат. Во кампањата која помина мирно, фокусот на политичарите претежно беше на етничките прашања, а фокусот на народот, сепак е на реалните општествени проблеми како економијата, отселувањето и корупцијата. За сите овие прашања, како и за меѓународните односи на Косово под водство на Албин Курти, разговараме со новинарката Вјоса Черкини во Приштина. Во Митровица раговаравме со политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу и во Северна Митровица ги прашавме граѓаните што мислат за овие избори.
Post Views: 1.134 -
Звучен топ на на најголемиот протест некогаш одржан во Белград
Репортажа од најголемиот протест кој Белград некогаш го видел
Поради деновите на молк, решивме да не објавуваме други содржини, затоа денеска ја објавуваме репортажата која ви ја должиме од големиот протест кој се случи во Белград на 15ти март.
Ги пречекавме трите пешачки групи студенти кои пристигнаа ден претходно и го проследивме целиот протест до крај. Поразговаравме со неколку српски актери за актуелната состојба, како и со дел од студентите, моторџиите и граѓаните. На протестот беше употребен и звучен топ, а еден од повредените студенти го раскажа своето искуство во Лавиринт. Гледајте ја целата епизода.Post Views: 1.502 -
Кандидатите кои беа против војната беа елиминирани од руската претседателска трка
Иванец за борбата за граѓаните и драконските закони на Путин

