new President

Трамп се враќа во Овалната Канцеларија – Дали ќе ги сопре војните како што вети?

Американците се изјаснија – тројна победа за Републиканците.

Американците се изјаснија, го враќаат Трамп во Белата Kуќа. Лавиринт со јавувања од Тампа, Флорида и Синсинати, Охајо анализира како новиот Претседател дојде до оваа победа и како неговиот избор ќе се одрази на глобалната геополитика. Атмосферата од Флорида ни ја пренесува новинарката Џалиса Дугро, а анализата за идните чекори на Трамп на светската политичка сцена ја правиме со Професорот Иван Динев од Универзитетот во Синсинати.

Гледајте ја целата епизода.

Македонија доби нова Претседателка – Земји од Источна Европа се борат за демократија

Анализа на македонската дипломатија, Вклучување од Грузија и Украина за состојбите со протестите и војната.

Прв гостин во ова издание на Лавиринт е поранешниот Амбасдор на Македонија во Шведска и Романија, Тихомир Илиевски. Разговаравме за заклетвата која ја положи новата Претседателка и за реакциите кои ги предизвика кај нашите соседи. И покрај реакциите и потешкотиите во билатералните односи, дипломатот сепак е оптимист за евроинтеграцијата на Македонија, како и за нормализација на односите на целиот Балкан.

Во Грузија се случуваат масовни граѓански протести за законот за „странски агенти“ кој ја одалечува државата од европскиот пат, но и сериозно ја загрозува егзистенцијата и слободата на грузиските граѓани. Од Тбилиси, ни се вклучи Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија, која подетално ни објасни што претставува овој закон и зошто толкав број луѓе излегоа на улица. Разговаравме за употребата на прекумерна сила од страна на полицијата при апсењето мирни демонстранти и за правната борба да се заштитат приведените.

Во Лавиринт го вклучивме и доброволецот во Украинските одбранбени територијални сили, Володимир Сапехин. Володимир повеќе од две години оди до фронтовите и назад. Разговаравме за моменталната состојба на фронтовите, за напредокот на руските сили во харковскиот регион, но и за неговите личните чувства за двете реалности кои ги живее..

Scroll to top