justice

Српските студенти пишуваат историја – Нерегуларности при изборот на РЕМ, продолжува линчот врз новинари и активисти

ФОКУС НА СРБИЈА

Српските студенти не се откажуваат од блокади. По 24 часовната блокада на белградска Автокоманда, викендов ќе се блокира Нови Сад. Поминаа три месеци од страшната несреќа која однесе 15 животи и исто толку од блокадите на студентите кои ја разбудија цела Србија.

Во ова издание на Лавиринт разговараме со професорката од Правниот факултет во Белград, Александра Крстиќ која беше и кандидатка за член на РЕМ, регулаторното тело за надзор на електронските медиуми, но заедно со уште 6 професори ги повлекоа своите кандидатури поради бројни нерегуларности во процесот.

Разговараме и со колегата новинар, Никола Крстиќ кој е еден од новинарите кој се соочува со јавен линч и етикетирање од страна на провладини таблоиди.

Жени лидерки за обнова на Украина – Студенти за правда во Србија

Јавување од Киев и разговор за српските студентски блокади

Трета Нова Година Украинците ќе ја пречекаат со војна. Состојбата на фронтовите нема големи изгледи да се промени без политчко решение, но затоа активностите за правење планови за обнова на државата во поствоениот период, стануваат се поистакнати. Од Украина ја вклучуваме Ирина Дробович, основач на фондацијата The Day After со која разговараме за потребата однапред да се испланира и инспирира обновата на Украина.

Во Србија пак, протестите се масивизираа откако студентите од сите факултети стапија во блокада. Тие добија поддршка од професорите, а по нив почна да блокира и средношколскиот Сојуз. Нашиот режисер Леонид Велковски кој студира на Новосадскиот факултет исто така е гостин во денешното издание на Лавиринт. Разговараме за активностите и за барањата на српските студенти.

Калач: Мала е веројатноста Нетанјаху да биде уапсен

Правна анализа на одлуката на Меѓународниот кривичен суд и постапките пред македонските судови.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот министер за одбрана и тројча челници на Хамас. Што тоа значи, кој би го уапсил Нетанјаху, но и каде е безбеден од кривичен прогон, разговараме со адвокатот Јасмин Калач. Калач не верува дека израелскиот премиер би патувал во држави потписници на Римскиот статут за да не биде приведе. Аргументот на Израел дека оваа одлука ги поистоветува двете страни не е издржана, смета адвокатот и вели дека судот донел ваква одлука затоа што не е селективен. Во меѓувреме, Шпанија, Ирска и Норвешка ја признаа палестинската држава.

Разговаравме и за двата правни процеси кои во моменов се водат во Македонија: Притворот за Врховниот судија Георгиев за земање поткуп, како и екстрадицијата на осомничениот за двојно убиство Палчо и почетокот на неговото судење. Погледнете ја целосната анализа.

Scroll to top