Албанија тргна во жестока борба против корупцијата – вака албанските граѓани гледаат на апсењето на поранешниот Претседател, Илир Мета. Со колегата Арбер Хитај од Репорт ТВ од Тирана, разговараме за апсењето и за довербата во Специјалното Обвинителство. Теми на разговор беа и мигрантскиот камп, како и евроинтеграциите, односно одблокираниот пат на Албанија и балканската тура на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која почна токму од Тирана.
По Тирана, Фон дер Лајен го посети Скопје. Од Владата, таа ги уверуваше граѓаните дека проширувањето останува во фокусот на европската агенда. Ниту Претседателката на ЕК Фон дер Лајен, ниту Премиерот Мицкоски не дадоа конкретен одговор на прашањето дали за ЕУ е прифатлив предлогот за одложена имплементација на евентуалните уставни измени.
Лидерите од Западен Балкан заедно со европските колеги одбележаа 10 години од Берлинскиот процес. Ниту една балканска држава, во изминатава декада, не ја оствари својата цел да стане дел од европското семејство. За иднината на Унијата, промената на курсот на мигрантската и политиката на проширување, како и улогата на Германија на континентот, разговараме со колегата Александар Методијев.
Гледајте ја целата епизода.
Форумот Ервопеум кој се одржа во организација на Институтот за Европска политика даде осврт на досегашната состојба со механизмите за владеење на правото во ЕУ и механизамот за раст на унијата, во чии рамки се дискутираше напредокот на земјите аспиранти на патот кон ЕУ кога е во прашање владеењето на правото.
Ваквите настани имаат за цел унапредување на реформите кои земјите кандидатки може да ги преземат уште пред зачленувањето, правејќи ги силен кандидат со спроведени внатрешни реформи со цел европеизација на општествено-институционалната околина во овие држави.
Патот кон Унијата е поплочен со успешно спроведени реформи, но дачи Македонија се изгуби на патот кон ЕУ?
Може ли да се победи корупцијата која е главен проблем на државава кога е во прашање европеизацијата?
Како да го ослободиме судството од синџирот на политичко и бизнис заробеништво – Законите се донесени, но колку се спроведуваат?
Гледајте го новото издание на Лавиринт и дознајте што е следно во битката за членство во ЕУ, каде е Македонија на мапата и ќе се изнајде ли вистинската рута до интеграција. Наш гостин во ова издание е Беба Жагар од Институтот за Европска политика.