Јавување од Киев и разговор за српските студентски блокади
Трета Нова Година Украинците ќе ја пречекаат со војна. Состојбата на фронтовите нема големи изгледи да се промени без политчко решение, но затоа активностите за правење планови за обнова на државата во поствоениот период, стануваат се поистакнати. Од Украина ја вклучуваме Ирина Дробович, основач на фондацијата The Day After со која разговараме за потребата однапред да се испланира и инспирира обновата на Украина.
Во Србија пак, протестите се масивизираа откако студентите од сите факултети стапија во блокада. Тие добија поддршка од професорите, а по нив почна да блокира и средношколскиот Сојуз. Нашиот режисер Леонид Велковски кој студира на Новосадскиот факултет исто така е гостин во денешното издание на Лавиринт. Разговараме за активностите и за барањата на српските студенти.
Приказна за животот посветен на светло-уметноста и сценскиот настап
Инспиративна приказна за кариера посветена на сценската уметност, посветеноста на професијата и интересните моменти кои фрлаат уникатен зрак светлина врз нештата кои го прават животот опера со најразлични чина
Во емисијата гостува Милчо Александров, професионалец со повеќе од три децении искуство во областа на светло-сценската уметност во Македонската опера и балет.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на IDMedia!
Во месецот на театарот, Веленовела посветува епизода на Неговото Височество- Театарот. На кој прв му текнало да направи претстава во Македонија? Која е првата изговорена реплика во МНТ? Ќе ви каже Веленовела.