Првите луѓе на водечките хај-тек компании како Гугл и Мајкрософт пред нашиот објектив за иднината на АИ Технологијата
Специјално издание од Самитот за вештачка Интелегенција во #Скопје и ексклузивни интервјуа со првите луѓе од светските компании чија технологија го менува нашиот свет! Разговаравме со челниците на Гугл, Мајкрософт, Фрипик и останати фронтмени на Вештачката Интелигенција!
Лавиринт ја проследи конститутивната седница ЕУ-МК во Европскиот Парлмент кој сега има ново парламентарно мнозинство.
За претседаравач беше избран Карло Реслер од хрватската ХДЗ која е член на мнозинската парламентарна група на Европската Народна Партија. Тој во изјава за Лавиринт вели дека е поддржувач на нашиот евроинтегративен пат и дека Парламентот ќе се обиде да одигра конструктивна улога во надминување на проблемите.
Анализа на телекомуникацискиот пазар и медиумската сфера воочи најавениот влез на унгарски 4иГ
Македонија останува во друштво со Албанија и Косово со само два мобилни мрежни оператори, но додека ситуацијата во Албанија наскоро би можела да се промени – овде во потребата од трет оператор да влезе во оваа сфера не е само препорака од Европската комисија.
Анализа на состојбите во телекомуникациската сфера и медиумите, каде сме со технолошкиот напредок на ова поле?
Поглавје 10 од Извештајот за напредок на Унијата и напредокот на Македонија во пристапниот процес.
Во емисијата со Стефан Јевтиќ од Институтот за развој на електронски комуникации – ИНДЕЦИМ зборуваме и за пазарниот дуопол и пазарните цени на договарање меѓу операторите.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во #Инфотек на Медиуми!
Разговор со новинарката Димитрова за состојбите во Бугарија и македонското
прашање.
Бугарија се наоѓа пред седмите парламентарни избори и веќе три години е во политичка криза поради неможноста да избере стабилна Влада. Во предизборието, Македонија уште повеќе е дел од реториката на политичките претенденти и се чини како тоа да е единствената точка по која тие се согласуваат.
Гостинка во ова издание на Лавиринт е новинарката Тоња Димитрова од Националниот сервис со која разговаравме не само за изборите, туку и за одлуките на Европскиот суд за човекови права кои Бугарија не сака да ги спроведе, Уставните измени кои ги бараат од нас, како и за проблемите кои Захариева ги има во политичката кариера кон европските институции.
Македонски студенти создадоа формула болид со чија помош сонот да бидат дел од адреналинот на Ф1 натпреварувањата станува остварлив
Формула 1 е повеќе од обичен мотоспорт, тоа е инспирација која движи многумина на патот до успехот. Како се создаваше првиот македонски болид од дтудентите на ФЕИТ И Машински Факултет?
Во емисијата со Димитар и Мартин, едни од креаторите на првата македонска формула, ја донесуваме приказната за возбудата, адреналинот и радоста како измешани емоции по нивниот прв меѓународен натпревар во Хрватска.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата на видеото подолу:
Човекот што низ Киев шеташе брендиран во боите на својата држава, тргна против неа
Сите кои беа во Киев летото 2022 година, неизбежно го сретнаа приведениот за обид за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Меѓу нив и авторката на Лавиринт, Кристина Атовска.
Во ова издание ги вклучуваме хуманитарецот од Германија, Кристијан Луц и новинарката од Италија, Кристина Брондони кои исто така го запознаа човекот во центарот на Киев.
Самит за Вештачка Интелигенција во Скопје ќе ја донесе светската елита од технолошкиот свет
Иако има 84 години, Градоначалникот на Малага во Шпанија е доказ дека интересот за вештачката интелигенција не познава старосна граница! За технолошкиот самит на Вештачка Интелегенција кој втора година по ред се одржува во Скопје, за оправданите и неоправданите стравови, познатото и непознатото, гледајте го првото издание на Инфотек со Филип Аврамчев од Ai Tech Summit Македонија.