Разговор со еден од велосипедистите кои извозеа 1500 километри
Велосипедистите кои возеа преку половина Еворпа за да достават порака до Европскиот Парламент во Стразбург, се вратија дома. Уште еден спектакуларен дочек им беше организиран во Нови Сад, по оние кои се случија во големите европски градови. Во овој Лавиринт го вклучуваме Вељко од техничкиот факултет во Нови Сад да ни раскаже за пораката која им беше предадена на европарламентарците и да ни ги пренесе искуствата од долгиот пат. Следен голем подвиг на српските студенти ќе биде трчање до Брисел.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Три години војна – Дали Украина ќе се откаже од ретките минерали за да ја завршивојната?
Расте притисокот за преговори
Точно три години од почетокот на војната во Украина. По доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп, комплетно се промени поддршката на САД кон Украина и се зголеми притисокот за почнување мировни преговори. За тоа дали Украинците се подготвени да се откажат од ретките минерали и да ги исполнат барањата на Трамп, како и за јавното мислење во Украина за притисокот од САД, разговараме со Олена Халушка од Киев, ко-основач на Меѓународниот центар за украинска победа.
Post Views: 1.214 -
Граѓаните на улица против корупција и неказнивост
Голем број граѓани се собраа на Партизанска, на местото кадешто беше прегазена младата Фросина да побараат правда. Протестот продолжи до Собранието и заврши пред судовите. Граѓаните со молк изразија сочувство и голем дел од нив рекоа дека ќе продолжат да протестираат додека правдата не биде задоволена. На протестот присуствуваше семејството на младата Фросина, како и семејствата на претходните жртви на дивеењето на Партизанска.
Post Views: 1.186 -
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.643

