Последни новости

Обединети во инаетот

Коренот на нашиот карактер

Мислам дека само една карактеристика е идентична кај секој Македонец – инаетот. Нит се тера, нит се води. Денес во Веленовела малку ќе се инаетиме. 

Инфотек Специјал од Самитот за вештачка интелигенција во Скопје

Првите луѓе на водечките хај-тек компании како Гугл и Мајкрософт пред нашиот објектив за иднината на АИ Технологијата

Специјално издание од Самитот за вештачка Интелегенција во #Скопје и ексклузивни интервјуа со првите луѓе од светските компании чија технологија го менува нашиот свет! Разговаравме со челниците на Гугл, Мајкрософт, Фрипик и останати фронтмени на Вештачката Интелигенција!

Лавиринт ја проследи конститутивната седница ЕУ-МК во Европскиот Парлмент 

Лавиринт ја проследи конститутивната седница ЕУ-МК во Европскиот Парлмент кој сега има ново парламентарно мнозинство.

За претседаравач беше избран Карло Реслер од хрватската ХДЗ која е член на мнозинската парламентарна група на Европската Народна Партија. Тој во изјава за Лавиринт вели дека е поддржувач на нашиот евроинтегративен пат и дека Парламентот ќе се обиде да одигра конструктивна улога во надминување на проблемите.

Свадба ли е, Оскари ли се

Традицијата против модерното

Се прави ли свадба без пирошка? Или старите обичаи се толку застарени што е време за нови? Ќе продискутираме во Веленовела за денешните свадби.

Трет мрежен мобилен оператор во Македонија – не е прашање дали туку кога?

Анализа на телекомуникацискиот пазар и медиумската сфера воочи најавениот влез на унгарски 4иГ

Македонија останува во друштво со Албанија и Косово со само два мобилни мрежни оператори, но додека ситуацијата во Албанија наскоро би можела да се промени – овде во 🇲🇰 потребата од трет оператор да влезе во оваа сфера не е само препорака од Европската комисија.

Анализа на состојбите во телекомуникациската сфера и медиумите, каде сме со технолошкиот напредок на ова поле?

Поглавје 10 од Извештајот за напредок на Унијата и напредокот на Македонија во пристапниот процес.

📲 Во емисијата со Стефан Јевтиќ од Институтот за развој на електронски комуникации – ИНДЕЦИМ зборуваме и за пазарниот дуопол и пазарните цени на договарање меѓу операторите.

📺Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во #Инфотек 🎧 на 🆔Медиуми!

Димитрова: Сите ја поддржаа кандидатурата на Захариева за ЕК

Разговор со новинарката Димитрова за состојбите во Бугарија и македонското прашање.

Бугарија се наоѓа пред седмите парламентарни избори и веќе три години е во политичка криза поради неможноста да избере стабилна Влада. Во предизборието, Македонија уште повеќе е дел од реториката на политичките претенденти и се чини како тоа да е единствената точка по која тие се согласуваат.

Гостинка во ова издание на Лавиринт е новинарката Тоња Димитрова од Националниот сервис со која разговаравме не само за изборите, туку и за одлуките на Европскиот суд за човекови права кои Бугарија не сака да ги спроведе, Уставните измени кои ги бараат од нас, како и за проблемите кои Захариева ги има во политичката кариера кон европските институции.

Гледајте ја целата епизода.

Римски папа или Авињонски папа?

Кој е вистинскиот папа?

Папа и Ватикан, како бурек и јогурт. Едно без друго не оди. Сепак, во 14 век не било баш така. Веленовела ќе ви објасни кај живеел папата во 14 век. 

Првиот македонски болид подготвен е да ги освојува светските тркачки патеки

Македонски студенти создадоа формула болид со чија помош сонот да бидат дел од адреналинот на Ф1 натпреварувањата станува остварлив

Формула 1 е повеќе од обичен мотоспорт, тоа е инспирација која движи многумина на патот до успехот. Како се создаваше првиот македонски болид од дтудентите на ФЕИТ И Машински Факултет?

Во емисијата со Димитар и Мартин, едни од креаторите на првата македонска формула, ја донесуваме приказната за возбудата, адреналинот и радоста како измешани емоции по нивниот прв меѓународен натпревар во Хрватска.
 
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата на видеото подолу:

Приведениот за обид за атентат го запознавме сите во Киев пред две години

Човекот што низ Киев шеташе брендиран во боите на својата држава, тргна против неа

Сите кои беа во Киев летото 2022 година, неизбежно го сретнаа приведениот за обид за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Меѓу нив и авторката на Лавиринт, Кристина Атовска.

Во ова издание ги вклучуваме хуманитарецот од Германија, Кристијан Луц и новинарката од Италија, Кристина Брондони кои исто така го запознаа човекот во центарот на Киев. 

Баксузна Веленовела

Зошто е петок 13 баксузен ден?

 Баксуз, малер, несреќа… Се во петок се случува. Веленовела ќе ви помогне да го тргнете малерот.

Scroll to top