Разговор со новинарката Димитрова за состојбите во Бугарија и македонското прашање.
Бугарија се наоѓа пред седмите парламентарни избори и веќе три години е во политичка криза поради неможноста да избере стабилна Влада. Во предизборието, Македонија уште повеќе е дел од реториката на политичките претенденти и се чини како тоа да е единствената точка по која тие се согласуваат.
Гостинка во ова издание на Лавиринт е новинарката Тоња Димитрова од Националниот сервис со која разговаравме не само за изборите, туку и за одлуките на Европскиот суд за човекови права кои Бугарија не сака да ги спроведе, Уставните измени кои ги бараат од нас, како и за проблемите кои Захариева ги има во политичката кариера кон европските институции.
Гледајте ја целата епизода.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.360 -
Репортажа од дочекот на српските студенти во Алексинац и Ниш
Лавиринт ги следи студентските протести во Србија
Со солзи во очите, гласни аплаузи и огномети се дочекувани српските студенти во секој град. По големиот собир во Крагуевац, студентите организираа и пешачење до Ниш. Тргнаа од неколку различни градови и пешачеа цели пет дена до крајната дестинација. Во знак на поддршка, им се приклучија и неколкумина граѓани, група маратонци, како и група велосипедисти, а локалците со силни овации и факели им организираа дочек. На целото свое патешествие, студентите имаа медицинска поддршка обезбедена од студентите по медицина, но и од медицински персонал од установите низ Србија кој волонтерски отидоа да им ги лечат раните. Погледнете ја репортажа од дел од патешествието на студентите, а утре следува вториот дел, осносно репортажа од големиот собир на 1ви Март.
Post Views: 1.194 -
Српските студенти пишуваат историја – Нерегуларности при изборот на РЕМ, продолжува линчот врз новинари и активисти
ФОКУС НА СРБИЈА
Српските студенти не се откажуваат од блокади. По 24 часовната блокада на белградска Автокоманда, викендов ќе се блокира Нови Сад. Поминаа три месеци од страшната несреќа која однесе 15 животи и исто толку од блокадите на студентите кои ја разбудија цела Србија.
Во ова издание на Лавиринт разговараме со професорката од Правниот факултет во Белград, Александра Крстиќ која беше и кандидатка за член на РЕМ, регулаторното тело за надзор на електронските медиуми, но заедно со уште 6 професори ги повлекоа своите кандидатури поради бројни нерегуларности во процесот.
Разговараме и со колегата новинар, Никола Крстиќ кој е еден од новинарите кој се соочува со јавен линч и етикетирање од страна на провладини таблоиди.
Post Views: 1.248

