Апсењето на екс Претседателот Мета, мигрантските кампови и ЕУ патот на Албанија во фокусот на овој Лавиринт.
Албанија тргна во жестока борба против корупцијата – вака албанските граѓани гледаат на апсењето на поранешниот Претседател, Илир Мета. Со колегата Арбер Хитај од Репорт ТВ од Тирана, разговараме за апсењето и за довербата во Специјалното Обвинителство. Теми на разговор беа и мигрантскиот камп, како и евроинтеграциите, односно одблокираниот пат на Албанија и балканската тура на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која почна токму од Тирана.
По Тирана, Фон дер Лајен го посети Скопје. Од Владата, таа ги уверуваше граѓаните дека проширувањето останува во фокусот на европската агенда. Ниту Претседателката на ЕК Фон дер Лајен, ниту Премиерот Мицкоски не дадоа конкретен одговор на прашањето дали за ЕУ е прифатлив предлогот за одложена имплементација на евентуалните уставни измени.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Засилени напори да се решат состојбите во Косово и БиХ
Косово ќе влезе во Советот на Европа, Бих доби зелено светло од ЕК
-
Звучен топ на на најголемиот протест некогаш одржан во Белград
Репортажа од најголемиот протест кој Белград некогаш го видел
Поради деновите на молк, решивме да не објавуваме други содржини, затоа денеска ја објавуваме репортажата која ви ја должиме од големиот протест кој се случи во Белград на 15ти март.
Ги пречекавме трите пешачки групи студенти кои пристигнаа ден претходно и го проследивме целиот протест до крај. Поразговаравме со неколку српски актери за актуелната состојба, како и со дел од студентите, моторџиите и граѓаните. На протестот беше употребен и звучен топ, а еден од повредените студенти го раскажа своето искуство во Лавиринт. Гледајте ја целата епизода.Post Views: 1.609 -
Жителите на ЕУ гласаат за својата иднина – Балканот останува во чекалиштето
Каков курс ќе заземе новата политичка гарнитура во ЕУ?
Соседите на Македонија повторно ја користат земјава за внатрешно политички цели, Европската Унија во изборен процес кој многу ги подели жителите на Унијата, новата европска гарнитура ја чекаат уште поголеми предизвици, воените жаришта се уште го делот светот – на овие теми во Лавиринт разговараме со политикологот Виктор Јакимовски.
Post Views: 1.637

