Во понеделник, на 18.11 во Театар на сенки и облаци ќе се оддржи премиерата на концептуалниот театарски перформанс "Супер Марио живее у Скопје".
Краткото театарско парче кое е наменето за деца и младинци ги обработува меѓучовечките односи преку мотиви на ликовите од култната видео игра Супер Марио. Автор на репликите и концептот е Никола Кузелов, но актерите сепак голем дел од својата игра ќе ја базираат на импровизации и комуникација со гледачите.
Во театарскиот перформанс ќе учествуваат Ања Митиќ, Никола Кузелов, Нела Павловска и Виктор Велевски. Авторите велат дека иако станува збор за тетар наменет за помладите, сепак добродојдена е публика од сите возрасти бидејќи перформансот обработува теми важни се секоја индивидуа.
Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.
Во месецот на театарот, Веленовела посветува епизода на Неговото Височество- Театарот. На кој прв му текнало да направи претстава во Македонија? Која е првата изговорена реплика во МНТ? Ќе ви каже Веленовела.