Српските студенти не се откажуваат од блокади. По 24 часовната блокада на белградска Автокоманда, викендов ќе се блокира Нови Сад. Поминаа три месеци од страшната несреќа која однесе 15 животи и исто толку од блокадите на студентите кои ја разбудија цела Србија.
Во ова издание на Лавиринт разговараме со професорката од Правниот факултет во Белград, Александра Крстиќ која беше и кандидатка за член на РЕМ, регулаторното тело за надзор на електронските медиуми, но заедно со уште 6 професори ги повлекоа своите кандидатури поради бројни нерегуларности во процесот.
Разговараме и со колегата новинар, Никола Крстиќ кој е еден од новинарите кој се соочува со јавен линч и етикетирање од страна на провладини таблоиди.