bionics

Бионичката рака развиена од македонски иноватори ќе го промени светот на лицата со попреченост

Новата бионичка рака од македонски иноватори, која ќе го размрда пазарот на медицински помагала, наскоро во продажба.

Првата бионичка рака која го носи потенцијалот да направи револуција во светот на лицата со попреченост, е направена токму од група на млади иноватори од Македонија.

Оваа иновација која е во завршна фаза пред пуштање во продажба за широките маси ќе донесе промени во секојдневието на лицата без екстремитети. Но, не само во функционална смисла, раката на еБионикс се очекува да донесе промени и во пазарната состојба во оваа сфера, носејќи со себе неколкукратно пониска продажна цена од досега достапните решенија на пазарот.

Во емисијата гостува Орхан Багашов, иноватор и креатор на првата бионичка рака во Македонија и основач на еБионикс, компанија за изработка на помагала за луѓето со попреченост.

Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на Media!

Scroll to top