ArtificialIntelligence

Пирамидалните шеми царуваат во Македонија, можен ли е поврат на изгубените пари од Конти?

Некој ќе мора да биде осуден доколку се има волја да се намалат пирамидалните и понзи измамнички шеми

Пирамидалните шеми никнуваат како печурки после дожд во Македонија. Како најновата во низа измами, Конти, ги однесе парите на десетина илјади граѓани и како може да се вратат?
 
Едукацијата во економско-правната сфера се гледа како најефикасно оружје во борбата против ваквите и слични измами.
 
Во емисијата гостува адвокатот Јанаки Митровски, со осврт на правниот аспект од приказната.

Бионичката рака развиена од македонски иноватори ќе го промени светот на лицата со попреченост

Новата бионичка рака од македонски иноватори, која ќе го размрда пазарот на медицински помагала, наскоро во продажба.

Првата бионичка рака која го носи потенцијалот да направи револуција во светот на лицата со попреченост, е направена токму од група на млади иноватори од Македонија.

Оваа иновација која е во завршна фаза пред пуштање во продажба за широките маси ќе донесе промени во секојдневието на лицата без екстремитети. Но, не само во функционална смисла, раката на еБионикс се очекува да донесе промени и во пазарната состојба во оваа сфера, носејќи со себе неколкукратно пониска продажна цена од досега достапните решенија на пазарот.

Во емисијата гостува Орхан Багашов, иноватор и креатор на првата бионичка рака во Македонија и основач на еБионикс, компанија за изработка на помагала за луѓето со попреченост.

Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на Media!

Инфотек Специјал од Самитот за вештачка интелигенција во Скопје

Првите луѓе на водечките хај-тек компании како Гугл и Мајкрософт пред нашиот објектив за иднината на АИ Технологијата

Специјално издание од Самитот за вештачка Интелегенција во #Скопје и ексклузивни интервјуа со првите луѓе од светските компании чија технологија го менува нашиот свет! Разговаравме со челниците на Гугл, Мајкрософт, Фрипик и останати фронтмени на Вештачката Интелигенција!

Вештачката интелигенција или комформизмот, кој е вистинскиот „Волк Лош”?

Самит за Вештачка Интелигенција во Скопје ќе ја донесе светската елита од технолошкиот свет

Иако има 84 години, Градоначалникот на Малага во Шпанија е доказ дека интересот за вештачката интелигенција не познава старосна граница! За технолошкиот самит на Вештачка Интелегенција кој втора година по ред се одржува во Скопје, за оправданите и неоправданите стравови, познатото и непознатото, гледајте го првото издание на Инфотек со Филип Аврамчев од Ai Tech Summit Македонија.

Scroll to top