Некој ќе мора да биде осуден доколку се има волја да се намалат пирамидалните и понзи измамнички шеми
Пирамидалните шеми никнуваат како печурки после дожд во Македонија. Како најновата во низа измами, Конти, ги однесе парите на десетина илјади граѓани и како може да се вратат?
Едукацијата во економско-правната сфера се гледа како најефикасно оружје во борбата против ваквите и слични измами.
Во емисијата гостува адвокатот Јанаки Митровски, со осврт на правниот аспект од приказната.