Новата бионичка рака од македонски иноватори, која ќе го размрда пазарот на медицински помагала, наскоро во продажба.
Првата бионичка рака која го носи потенцијалот да направи револуција во светот на лицата со попреченост, е направена токму од група на млади иноватори од Македонија.
Оваа иновација која е во завршна фаза пред пуштање во продажба за широките маси ќе донесе промени во секојдневието на лицата без екстремитети. Но, не само во функционална смисла, раката на еБионикс се очекува да донесе промени и во пазарната состојба во оваа сфера, носејќи со себе неколкукратно пониска продажна цена од досега достапните решенија на пазарот.
Во емисијата гостува Орхан Багашов, иноватор и креатор на првата бионичка рака во Македонија и основач на еБионикс, компанија за изработка на помагала за луѓето со попреченост.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на Media!
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Пирамидалните шеми царуваат во Македонија, можен ли е поврат на изгубените пари од Конти?
Некој ќе мора да биде осуден доколку се има волја да се намалат пирамидалните и понзи измамнички шеми
Пирамидалните шеми никнуваат како печурки после дожд во Македонија. Како најновата во низа измами, Конти, ги однесе парите на десетина илјади граѓани и како може да се вратат?Едукацијата во економско-правната сфера се гледа како најефикасно оружје во борбата против ваквите и слични измами.Во емисијата гостува адвокатот Јанаки Митровски, со осврт на правниот аспект од приказната.Post Views: 661 -
Првиот македонски болид подготвен е да ги освојува светските тркачки патеки
Македонски студенти создадоа формула болид со чија помош сонот да бидат дел од адреналинот на Ф1 натпреварувањата станува остварлив
Формула 1 е повеќе од обичен мотоспорт, тоа е инспирација која движи многумина на патот до успехот. Како се создаваше првиот македонски болид од дтудентите на ФЕИТ И Машински Факултет?
Во емисијата со Димитар и Мартин, едни од креаторите на првата македонска формула, ја донесуваме приказната за возбудата, адреналинот и радоста како измешани емоции по нивниот прв меѓународен натпревар во Хрватска.Откријте нова приказна, секој агол на технологијата на видеото подолу:Post Views: 416 -
Инфотек Специјал од Самитот за вештачка интелигенција во Скопје
Првите луѓе на водечките хај-тек компании како Гугл и Мајкрософт пред нашиот објектив за иднината на АИ Технологијата
Специјално издание од Самитот за вештачка Интелегенција во #Скопје и ексклузивни интервјуа со првите луѓе од светските компании чија технологија го менува нашиот свет! Разговаравме со челниците на Гугл, Мајкрософт, Фрипик и останати фронтмени на Вештачката Интелигенција!
Post Views: 511