Евакуации од Донбас под сенката на дроновите

Под сенката на дроновите: како се промени војната во Украина

Секое огласување на детекторот значи нова неизвесност: колку е блиску дронот, што набљудува и дали следната цел е возилото во кое се наоѓате? На патиштата на Донбас, евакуацијата на цивили се одвива во услови во кои секунди можат да одлучат за човечки живот.

Во својот нов новинарски документарец, Кристина Атовска ги придружува хуманитарците од групата АРК при евакуации од Краматорск и Славјанск. Низ непосредни снимки од теренот и разговори со цивили и волонтери, филмот прикажува колку технологијата го променила начинот на војување.

Погледнете го документарецот во продолжение.

Advertisement
Scroll to top