Човекот што низ Киев шеташе брендиран во боите на својата држава, тргна против неа
Сите кои беа во Киев летото 2022 година, неизбежно го сретнаа приведениот за обид за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Меѓу нив и авторката на Лавиринт, Кристина Атовска.
Во ова издание ги вклучуваме хуманитарецот од Германија, Кристијан Луц и новинарката од Италија, Кристина Брондони кои исто така го запознаа човекот во центарот на Киев.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Припадничките на ТИГАР инспирација за многу девојки
Специјално осмомартовско издание на лавиринт.
Ја посетивме касарната Илинден каде разговаравме со припадничките на Специјалната Антитерористичка Единица Тигар.
Овие жени ги кршат бариерите дека безбедносниот сектор е машка работа.Post Views: 1.829 -
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.585 -
Калач: Мала е веројатноста Нетанјаху да биде уапсен
Правна анализа на одлуката на Меѓународниот кривичен суд и постапките пред македонските судови.
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот министер за одбрана и тројча челници на Хамас. Што тоа значи, кој би го уапсил Нетанјаху, но и каде е безбеден од кривичен прогон, разговараме со адвокатот Јасмин Калач. Калач не верува дека израелскиот премиер би патувал во држави потписници на Римскиот статут за да не биде приведе. Аргументот на Израел дека оваа одлука ги поистоветува двете страни не е издржана, смета адвокатот и вели дека судот донел ваква одлука затоа што не е селективен. Во меѓувреме, Шпанија, Ирска и Норвешка ја признаа палестинската држава.
Разговаравме и за двата правни процеси кои во моменов се водат во Македонија: Притворот за Врховниот судија Георгиев за земање поткуп, како и екстрадицијата на осомничениот за двојно убиство Палчо и почетокот на неговото судење. Погледнете ја целосната анализа.
Post Views: 2.186

