Грузијците ќе ја пречекаат Новата Година на протести и нема да се откажат од својата европска иднина – вели првата опозиционерка од партијата For the people, Ана Долидзе. Долидзе е експерт по меѓународно право, до 2018 била правен советник на Претседателот, а потоа и член на Судскиот совет.
Во Лавиринт разговаравме за украдените избори и за руското хибридно влијание кое успеа да ја отргне земјата од евроинтегративниот пат. Протестите ескалираа, а употребата на водени топови и насилство од страна на полицијата, не ги предомисли Грузијците и понатаму да се борат за своите права. Околу 500 демонстранти, меѓу кои има и повредени, празниците ќе ги пречекаат во притвор. Со Долидзе разговаравме и за меѓународната поддршка и за санкциите кои ги наметнаа САД и Велика Британија за дел од грузијскоте власти, но не и Европската Унија.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Жени лидерки за обнова на Украина – Студенти за правда во Србија
Јавување од Киев и разговор за српските студентски блокади
Трета Нова Година Украинците ќе ја пречекаат со војна. Состојбата на фронтовите нема големи изгледи да се промени без политчко решение, но затоа активностите за правење планови за обнова на државата во поствоениот период, стануваат се поистакнати. Од Украина ја вклучуваме Ирина Дробович, основач на фондацијата The Day After со која разговараме за потребата однапред да се испланира и инспирира обновата на Украина.
Во Србија пак, протестите се масивизираа откако студентите од сите факултети стапија во блокада. Тие добија поддршка од професорите, а по нив почна да блокира и средношколскиот Сојуз. Нашиот режисер Леонид Велковски кој студира на Новосадскиот факултет исто така е гостин во денешното издание на Лавиринт. Разговараме за активностите и за барањата на српските студенти.
Post Views: 1.443 -
Студентите на пат до европската престолнина – Велосипедистите со црвен тепих пречекани во Виена
Српските студенти со нов подвиг – со велосипеди до Стразбург. Тие беа пречекани во Братислава, Будимпешта каде добија поддршка и од градоначалникот на унгарската престолнина, но најголемиот дочек им беше организиран во Виена каде и има најголема српска дијаспора. Од Виена, веднаш по пристигнувањето разговаравме со Слободан Књежевиќ, кој одлучи да им се приклучи на студентите во овој подвиг и Урош Петровиќ, кој е на магистерски студии во Виена, а беше на плоштадот да ги пречека велосипедистите. Во ова издание на Лавиринт, гостинка во студио ни беше и воена пилотка на американската армија со која поразговаравме за тоа како донесе одлука да лета и каков беше патот до таа позиција.
Post Views: 1.140 -
Јесен: Видлива е исцрпеноста од двегодишната војна – недостатокот на оружје е причина за губењето на Авдиивка
Интервју со воениот репортер Јан Јесен

